Епот за Гилгамеш е најстарото книжевно дело за кое знаеме. Иако не можеме прецизно да го одредиме времето на неговото создавање, претпоставуваме дека е многу векови постар и од Хомеровите епови и од Стариот завет. Создаден е и запишан во Месопотамија, областа меѓу реките Тигар и Еуфрат. Текстот кој денес го читаме како „Епот за Гилгамеш“ е верзија пронајдена во урнатините на библиотеката на царот Асурбанипал во Нинива. Таа била запишана или компилирана од веќе постоечките предлози, во втората половина на вториот милениум пред н.е., а се состоела од дванаесет табли, од кои секоја имала по 200-300 реда.„Епот за Гилгамеш“ е типична херојска приказна за јунакот и неговите дела. Таа започнува со пофалбата на јунакот, која потсетува на кралските натписи од сумерските храмови, ја слави мудроста на кралот-јунак и неговите градителски достигнувања. Гилгамеш е најпривилегиран од сите човечки суштества и најблизок до боженското: само со една своја третина е смртник, а со две третини е бог. Гилгамеш е непобедлив и на неговата мудрост и сила им нема граница. Потрагата по бесмртноста е основната тема. Гилгамеш е јунак кој не се плаши, но во „Епот за Гилгамеш“ пораката е, сепак, неизбежноста од смртта и минливоста на сѐ што е на земјата.
“Големата вода&rdquo е додаден во Вашата кошничка. Погледни кошничка
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Искинатиот вел
250 ден200 ден -
Фенг Шуи во вашиот живот
360 ден288 ден -
Не знам кај ми е главата
390 ден312 ден -
Кривата Дијана
330 ден264 ден -
Што (не) е љубов
650 ден520 ден
