Длабоко разочарана во љубовта, младата Вениша заминува во Италија и таму почнува нов живот. Како успешен архитект, таа со години внимателно градела непробојна тврдина околу сопственото срце. Но, кога една карневалска вечер во Венеција таинствениот Паоло ја спасува од маскираните напаѓачи, нејзините заспани чувства ќе се разгорат со силен пламен. И покрај многубројните озборувања и угледот на Паоло како женскар, Вениша, сепак, не може да се спротивстави на таинствениот маж што ќе успее да ги отклучи сите капии до нејзината душа. Кога ќе добие нов проект во величествената куќа на Паоло во Тоскана, Вениша ќе биде принудена да се соочи со низа тешкотии што се закануваат да ја доведат во опасност нивната романса – убавица решена да ја добие љубовта на Паоло само за себе, злобен гроф, чиишто намери се далеку од добри и демони од минатото што демнат во сенка. Дали мрачните тајни засекогаш ќе ги разделат или ќе успеат да се изборат за својата љубов?
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Басни од Х.К. Андерсен
250 ден
-
Роботчето Р1
200 ден
-
Леле каков гостин
200 ден
-
Меѓупланетарна брканица
200 ден
-
Водопадот на Божилакот
200 ден
