Длабоко разочарана во љубовта, младата Вениша заминува во Италија и таму почнува нов живот. Како успешен архитект, таа со години внимателно градела непробојна тврдина околу сопственото срце. Но, кога една карневалска вечер во Венеција таинствениот Паоло ја спасува од маскираните напаѓачи, нејзините заспани чувства ќе се разгорат со силен пламен. И покрај многубројните озборувања и угледот на Паоло како женскар, Вениша, сепак, не може да се спротивстави на таинствениот маж што ќе успее да ги отклучи сите капии до нејзината душа. Кога ќе добие нов проект во величествената куќа на Паоло во Тоскана, Вениша ќе биде принудена да се соочи со низа тешкотии што се закануваат да ја доведат во опасност нивната романса – убавица решена да ја добие љубовта на Паоло само за себе, злобен гроф, чиишто намери се далеку од добри и демони од минатото што демнат во сенка. Дали мрачните тајни засекогаш ќе ги разделат или ќе успеат да се изборат за својата љубов?
“Кaко да го излечите својот живот&rdquo е додаден во Вашата кошничка. Погледни кошничка
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Басни од Х. К. Андерсен
250 ден
-
Приказни за легендарни и неверојатни суштества
495 ден
-
Приказни за вештерки, самовили и принцези
480 ден
-
Приказни и залагалки
480 ден
-
Најубавите поучни и ведри приказни
490 ден
