Писателот Рифат Кукај има значајно место во современата албанска литература за деца.Неговото име им е познато не само на албанските читатели, туку и пошироко. Неговите дела се преведени на: српски, хрватски,словенечки, македонски, турски и други јазици. Творештвото на Кукај го сочинуваат: поезија, раскази и романи. Познати му се стихозбирките: “Златниот ѓердан”, “Тврдина на светлината”, книгите раскази: “ Малата хармоника”, “Раскажување”, “Двогледот на капетанот”, како и романите: “Зајакот со пет нозе”, “Волшебното цвеќе”, “Каменот на птицата”, “Стравот” итн. Во романот Еднорогиот елен станува збор за момчето Фатмир, кое доживеало една несекојдневна и чудна авантура. Овој роман е вистинска книга за деца, која го слави оптимизмот и триумфот на детето. Во Еднорогиот елен, читателите ќе се потсетат на нешто слично, што и тие самите го почувствувале и доживеале.
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Искинатиот вел
250 ден200 ден -
Фенг Шуи во вашиот живот
360 ден288 ден -
Не знам кај ми е главата
390 ден312 ден -
Кривата Дијана
330 ден264 ден -
Што (не) е љубов
650 ден520 ден
