Лејла е млада сопруга на секретарот на султанот Mехмед VI. Нејзината свекрва, Черкеска, ја принудува да ги почитува традиционалните обичаи, но кога во нивната куќа се вселува еден француски офицер со своето семејство, животот уреден според строгите правила се крши на ситни парчиња.
Од друга страна, капетанот на фрегатата Луј Гардел не може да им се противстави на опојните искушенија на космополитскиот град што врие од бели Руси избегани пред налетот на болшевичката револуција. За Турците што се противставуваат на растурањето на земјата чукнува часот на отпорот. Лејла се ангажира во борбата, и покрај стравот од непознатото, а средбата со Ханс Кестнер, археолог од Берлин – лојален на Мустафа Кемал, ќе и‘ го разниша животот. Разбунтуваната Анадолија тогаш станува декор на страсна забранета љубов.
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Папка со ластик - Stitch Disney 120 ден
-
Молив - Colorino Stitch 60 ден
-
ETUI CoolPack Jumper Stitch Pastel 1.800 ден
-
ETUI CoolPack Jumper Stitch 1.800 ден
-
Дрвени боици - Stitch Colorino Disney 160 ден