Додека еден ден дремливо си седи крај речниот брег со сестра си, Алиса наеднаш забележува бел зајак, дотеран во елече, како протрчува и вади џебен часовник извикувајќи: „О леле! О леле! Баш ќе задоцнам!“ Во истиот миг таа решава да го следи зајакот, влегува по него во една зајачка дупка и одеднаш паѓа низ еден чуден бунар по чија должина се гледаат еден куп креденци и полици за книги. Кога ќе заврши падот, Алиса ќе се најде среде долг, низок ходник, осветлен од редица светилки што висат од таванот. Но, авантурата вистински почнува кога со златното клуче што ќе го најде, ќе ја отвори соодветната врата и ќе здогледа невидено прекрасна градина и ќе запознае уште многу необични ликови.
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Басни од Х.К. Андерсен
250 ден
-
Роботчето Р1
200 ден
-
Леле каков гостин
200 ден
-
Меѓупланетарна брканица
200 ден
-
Водопадот на Божилакот
200 ден
