Ова е единствениот длабок и интимен биографски портрет на пејачот на „Јоy Divison“, напишан од неговата вдовица. Иан Кертис бил почитуван од неговите современици и зад себе оставил оставина што е богата со уметничка генијалност. Боно од „U2“ неговиот глас го опишал како „свет“ и идеализиран од неговите фанови. Тој бил хипнотички изведувач на сцената, но бил и интровертен и подложен на ненадејни промени во расположението. Иан Кертис си го одзел животот на 18 мај 1980 година.
„Допир од далечина“ го опишува неговиот живот од најраниот период, па до неговата прерана смрт, пред самиот почеток на првата турнеја на „Јоy Divison“ низ Америка. Книгата раскажува како тој, со сопруга, со дете и со меѓународна популарност, бил заведен од „славата на рана смрт“.
Кои биле причините за неговата фасцинација со смртта?
Дали неговите мрачни и отуѓени стихови биле израз на уметнички егзорцизам?
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Изопачени лаги
590 ден
-
Кревка рамнотежа
578 ден
-
Врвки
368 ден
-
Снежно слепило
347 ден
-
Министерство за врвна среќа
525 ден
