Дневниците на Франц Кафка (1883 – 1924) го опфаќаат периодот од 1910 до 1923 година.
Тие даваат продорен поглед кон неговиот живот во Прага и личните искажувања за соништата, чувствата кон таткото и жената со која не можел да се ожени, како и чувствaта на вина и внатрешната состојба на отфрленост. Дневниците се приказ на еден живот со речиси неподнослив интензитет. Книгата содржи не само лични белешки, автобиографски рефлексии, елементи за тоа како Кафка го разбира своето пишување, туку и афоризми, скици за раскази, писма и многубројни литературни фрагменти од повеќето негови романи. Еден од најзначајните литературни критичари во Германија, Денис Шек, за „Дневниците“ вели: „Дури кога ќе ги прочитаме, сфаќаме колкава смисла за хумор имал Кафка. Дури тогаш разбираме што сакаат да ни кажат неговите често неразбирливи книги.“
Ова издание ја содржи целата оставнина што му била достапна на неговиот издавач и најдобар пријател, Макс Брод. Tука се вклучени и личните коментари, варијанти и поговорот на Макс Брод за записите на Кафка.
“Бог е жив&rdquo е додаден во Вашата кошничка. Погледни кошничка
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Искинатиот вел
250 ден200 ден -
Фенг Шуи во вашиот живот
360 ден288 ден -
Не знам кај ми е главата
390 ден312 ден -
Кривата Дијана
330 ден264 ден -
Што (не) е љубов
650 ден520 ден
Слични продукти:
-
ПОПУСТ
Забавата може да почне
450 денOriginal price was: 450 ден.200 денCurrent price is: 200 ден. Додај во кошничка
