Во далечините на степата по долниот тек на Волга уште во осумнаесеттиот век се населиле Германци. Годината е 1916, а Јакоб Бах е руски Германец што работи како учител во малото село Гнадентал. Тој одамна се повлекол од светот, се грижи за својата единствена ќерка Анче на осамен селски имот и пишува волшебни приказни што на чудесен и трагичен начин се остваруваат во стварноста.
Но животот одеднаш му се променува кога ќе се вљуби во Клара, ќерка на селанец од другиот брег на Волга. Нивната љубов не може да им избега на настаните што со себе ги носат револуцијата и основањето на Германската република на Волга.
Книга во која се прикажани и љубовта, и смртта, и историјата, и политиката, и војната, и создавањето… Книга во која магичниот реализам се среќава со суровата руска реалност, на бреговите на моќната река Волга, но и пошироко.
Ова е вториот и долгоочекуван роман на Гузел Јахина, најфалената дебитантка во поновата историја на руската литература.
“Страв од летање на 7А&rdquo е додаден во Вашата кошничка. Погледни кошничка
“Големата црвена книга&rdquo е додаден во Вашата кошничка. Погледни кошничка
“Некој друг живот&rdquo е додаден во Вашата кошничка. Погледни кошничка
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Мостот во пламен
350 ден315 ден -
Размислувај како гениј (Јуниор)
300 ден270 ден -
Размислувај како гениј
360 ден324 ден -
Размислувај како Алберт Ајнштајн
360 ден324 ден -
Размислувај како Леонардо Да Винчи
360 ден324 ден
