Милијардерот со компјутерска фирма Мајлс, има повеќе пари отколку што може да потроши; има се друго за што може да сонува – освен време. Соочен со неизлечлива болест, Мајлс знае дека мора да го искористи секој миг и да си го среди животот.
А тоа значи дека треба да се сврти во минатото, затоа што таму некаде Мајлс има деца. Тие можеби ќе ги наследат обете нешта од него, и доброто и лошото – можеби неговото богатство, а можеби и нешто многу полошо. Така, тој решава да ги најде сите негови деца. Ама, некој заканувачки убиец е постојано еден чекор пред него. И, децата почнуваат да исчезнуваат, едно по едно. Не само што исчезнуваат, туку им се брише секаква трага.