Бодлер без сомнение е најголемиот модернистички поет, кој со својата поезија драматично ја смени идејата за тоа што е убавината и што може убавинатада биде, поставувајќи ги големиот град и урбаната естетика во средиштето на својата поезија.
Цвеќињата на злото меѓу другото е и побуна против граѓанското општество и воспоставените малограѓански норми. Побуна против редот, спокојството, благосостојбата и плитката среќа. Стиховите на оваа збирка им ги фрлаат в лице начитателите своите слики на внатрешните маки, на забранетите лјубови, на бедата, распаѓањето и смртта. Бодлер е речиси сиот свртен кон темното, забранетото, отфрленото…