Бран од необична горештина ги присилува сите да го променат својот начин на живеење, сега само во мракот е можно да се работи, да се движи и да се преживее. Едно ладно февруарско утро е обичен ден за сите, освен за тринаесетгодишната Саманта Андрети. Возбудена дека конечно ќе разговара со својата симпатија, таа се упатува кон училишниот двор и застанува пред еден автомобил, за последен пат да го провери својот изглед. Внатре во мракот, таа здогледува зајак со големина на човек и со очи во облик на срце. Привлечена од судбината и изненадена од глетката пред себе, таа во прво време не чувствува страв кога зајакот ја вовлекува во автомобилот и не е свесна дека многу години подоцна, повторно ќе го види својот лик во огледало.