Автобиографијата на Чарлс Дарвин првпат е издадена во 1887 година, пет години по неговата смрт. Станува збор за едно прочистено издание: семејството на Дарвин, во обид да го сочува неговиот углед по смртта, ги избришало сите пасуси што им се чинеле премногу лични или контроверзни. Тековново, целосно издание не се појавува во јавност до 1959 година, цели сто години по издавањето на Потеклото на видовите. Во овој непосреден и интимен преглед на неговиот живот се разоткриваат неговиот смел и немирен ум и интегритетот и едноставноста на Дарвиновиот карактер- неговот семејство, образованието, истражувањата на природниот свет, религиските убедувања и филозофијата. Изданието содржи и листа на поважнисте оригинални, претходно отфрлени пасуси, како и претходно неиздадени белешки за религијата од госпоѓа Дарвин.
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Басни од Х.К. Андерсен
250 ден
-
Роботчето Р1
200 ден
-
Леле каков гостин
200 ден
-
Меѓупланетарна брканица
200 ден
-
Водопадот на Божилакот
200 ден
