Ова е приказна за љубовта на еден татко кон својата ќерка и тоа не било каква љубов туку онаа љубов која не ви дава да функционирате нормално, која ве прави среќни, но воедно параноични до лудило, која ве прави способни за сè и уплашени пред ништо.
Јан живее за својата ќерка, од првиот ден кога ќе се роди таа за него го претставува цел свет. Тие се премногу поврзани, премногу блиски… речиси можат да си ги читаат мислите еден на друг. За првата нејзина вакцина, тој е таму. За првиот ден на училиште, тој е таму. Кога таа е болна, тој со денови и ноќи бдее над неа. Кога таа е нападната, тој ја брани и ја презема вината.
Но што се случува кога таа мора да го напушти за да заработи пари за отплатување на старата куќарка? Јан без својата ќерка? Тоа е незамисливо, тоа е лудо, тоа е болно, невозможно…
Оваа приказна ќе ве научи и ќе ве натера да видите колку силна може да биде татковската љубов, но и какви знаеме да бидеме ние децата кон нашите родители. Сите сме ние деца, нели, за нашите родители… Уште една приказна која ќе ве натера да сфатите дека љубовта не познава граница, никаква, граница помеѓу правилно и погрешно, нути граница помеѓу умерено и претерано, граница помеѓу лудост и разумност.
Чувана како злато, не се ни познава дека е еднаш “носена.”