Зборовите на мајка ми никогаш не беа туѓи. Сите влегуваа во мојот јазик, во кој ќе останат засекогаш. Во брилијантната проза на Мира Марќинув сè е непредвидливо и чудно, а најчудна е смртта што не треба да се случи. Иако на децата им се чини дека нивните мајки секогаш треба да бидат со нив, во светот постојат две крајни, непредвидливи околности: се умира со трагична смрт или по долго страдање. Во „Безматичник“ Мира Марќинув се обидува да изнајде нов јазик за да ја опише загубата на саканата личност. Интимноста и недостигот таа ги претвора во книжевност: моќна, духовита и истовремено треперлива, сурово искрена, полна со нежност и копнеж… иако огромната празнина не може лесно да се пополни. „Безматичник“ е обид да се пронајде и да се разбере љубовта, желбата да се живее и бегството од смртта. Енергичен роман за отсуството, сеќавањата, детството во посттранзициската реалност на 90-тите години. За една безмерна љубов каква што може да се случи само меѓу мајка и нејзината ќерка, која се чувствува како пчела што ја изгубила својата матица.
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Некој друг
315 ден
-
Излез од криза
475 ден
-
Астролошки записи
630 ден
-
Моќта на умот, моќта на срцето
525 ден
-
Љубовни патокази
475 ден
Слични продукти:
-
ПОПУСТ
Забавата може да почне
450 денOriginal price was: 450 ден.200 денCurrent price is: 200 ден. Додај во кошничка
