Луѓето остануваат во нашите животи или заминуваат од нив врз основа на нашите мисли, уверувања и очекувања, без оглед колку неверојатно или одеднаш влегуваат во нашиот живот. Луѓето кои сега се во вашиот живот не се тука случајно, ниту вие сте случајно во нивните Сите одговори што ги барате се внатре во вас Вашата мисија во животот, вашата цел е едноставно да бидете свои. Единствениот начин да бидете свои е да почнете да се слушате себеси, вашите желби, соништа, чувства кои пак ја наоѓаат својата инспирација во божественото. Всушност, што друго имате да слушате? Што друго постои освен вашите чувства? Следете ги своите соништа, тие се ваши со причина, а еден од нив, и никако безначаен, е да ги остварите Умот не осудува; тоа го прават луѓето. Осудувањето доаѓа од нашиот дух, од аспектот на нашето постоење, кој sирка од нашите очи. Одговорот на секое ваше прашање е во вас. Животот не е конципиран да биде апсолутна мистерија, тој е отворена книга. Ние само мораме да најдеме време да ја прочитаме. Што и да е тоа што сакате да го дознаете, почнете со тоа што ќе си велите дека веќе го знаете.
“Љубов се викам&rdquo е додаден во Вашата кошничка. Погледни кошничка
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Нашата вина
630 ден
-
Изопачени лаги
590 ден
-
Кревка рамнотежа
578 ден
-
Врвки
368 ден
-
Снежно слепило
347 ден
