Ова е „најлесниот“ роман на Милан Кундера, своевиден дивертименто, неговата комична опера. Воедно, Бавност е и првиот негов роман напишан на француски јазик. Истовремено резигниран и маѓепсан, читателот го следи раскажувачот на Бавност низ една летна ноќ во која две приказни на заведување, одделени меѓу себе со повеќе од двесте години, се преплетуваат и осцилираат помеѓу возвишеното и приземното, комичното. Во основата на оваа навидум слободарска фантазија се крие длабоко промислување на современиот живот, се разгледува и се анализира тајната врска помеѓу бавноста и сеќавањето, се фрла светлина на поврзаноста помеѓу желбата на нашата доба за заборав и начинот на кој му се предаваме на демонот на брзината… Бавност е и приказна за „танчарите“ опседнати од страста да бидат видени, за кои животот не е ништо повеќе од постојана претстава испразнета од секаква интимност и каква било радост.
“Зошто јас&rdquo е додаден во Вашата кошничка. Погледни кошничка
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Како на филм 430 ден
-
Давеничката 490 ден
-
Танцувај со мене Сузан Е. Филипс 520 ден
-
Нескршливото срце на Олива Денаро 450 ден
-
Крстопати 520 ден