Расказите „Фрески и гротески“ и романот „Азбука за непослушните“ се првите дела со кои Венко Андоновски ја освои македонската јавност. Тие му претходеа на романот „Папокот на светот“, со кој Андоновски го сврте вниманието кон себе во балканските литератури (награда „Балканика“ 2001). Со „Вештица“ веќе го привлече вниманието на француските и руските критичари и читатели (предговор од Милан Кундера за француското издание на „Вештица“ и награда „Југра“ за најдобар роман од словенските книжевности преведен на руски јазик). За најновиот роман, „Папокот на светлината“ (2022), Андоновски ја доби и меѓународната Толстоева награда за книжевност „Јасна Полјана“, со што се вброи меѓу претходните добитници, познатите писатели Џулијан Барнс, Рут Озеки, Марио Варгас Љоса, Орхан Памук… Тој пат од речиси целосна анонимност до меѓународно признание немаше да се случи ако не постоеја овие две книги, од кои како од јајце, ab ovo, излезе цела една прозна вселена.
“Загубениот симбол&rdquo е додаден во Вашата кошничка. Погледни кошничка
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Изопачени лаги
590 ден
-
Кревка рамнотежа
578 ден
-
Врвки
368 ден
-
Снежно слепило
347 ден
-
Министерство за врвна среќа
525 ден
