Парамханса Јогананда е индиски јогин и гуру кој многу луѓе од Западот ги воведе во медитативните техники на крија јогата. Јогананда е роден во Горакпур, државата Утар Прадеш, во Индија, во семејство на посветени бенгалски кшатрии. Во својата младост наидувал на многу индиски мудреци и светци во потрага по просветлен учител кој би го водел по духовната патека. Неговата потрага завршила во 1910 година, кога го сретнал својот гуру, Шри Јуктешвар Гири. Јогананда тогаш имал седумнаесет години. Својата прва средба со Јуктешвар ја опишал како обновување на односот кој траел во многу инкарнации. По завршување на школувањето поминал долго време во Јуктешватовиот ашрам во Серампоре. Во 1915 година го положил заветот на Редот на Свамите и станал Свами Јогананда Гири.
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Злосторство и казна (том 1) 250 ден
-
Злосторство и казна (том 2) 250 ден
-
Бедни луѓе 300 ден
-
Исто како и секогаш 550 ден
-
Шпанска љубовна измама 590 ден