Дејл Карнеги е пионер во областа што денес ја нарекуваме движење на човечкиот потенцијал. Неговите предавања и неговите книги им помогнале на многу луѓе во светот да станат самоуверени, општествени и влијателни личности.
Курсеви на Дејл Карнеги се одржувале во многу земји и влијаеле на животите на мажите и на жените од сите слоеви на општеството – од работници во фабрики и во канцеларии, преку сопственици и директори на претпријатија, до членови на влади.
Дејл Карнеги умрел на 1 ноември 1955 година. На некрологот во вашингтонските весници вака го сумирале неговиот придонес кон општеството:
„Дејл Карнеги не реши ниту една голема мистерија на универзумот, но веројатно повеќе од кој било друг од неговата генерација ги научи луѓето како да бидат пријатели —нешто што понекогаш е најважно“.
„Кажете на публиката што ќе й зборувате па зборувајте за тоа, а потоа раскажете й за што сте й зборувале. Тоа е вистинската уметност на говорот“.
(Анонимен автор)

Оваа книга не зборува за бомбастично, старомодно ораторство туку претставува збир насоки што можат да им помогнат на професионалните и на деловните луѓе како во јавниот настап така и во приватниот живот Содржината на оваа книга е резултат на повеќегодишната успешна педагошка работа во Христијанската асоцијација на младите (Young Men’s Christian Association), односно на курсот што се применува во училиштата од ова здружение од 1912 година. Исклучително е корисен и практичен.
Им помогнал на илјадници деловни и стручни луѓе да станат убедливи говорници. Освен тоа, што е многу поважно, им помогнал на тие луѓе да ја развијат својата личност, ја засилил нивната верба и нивната визија и им покажал како најдобро да ги искористат своите скриени сили. Од неми следбеници, создал лидери.