Кога Мечокот Меглен ќе се насели во Зелжената гора, дружељубивиот силеџија предизвикува вистински урнебес, зашто во шумата со години не живееле мечки.
И навистина, набргу Меглен има низа препирки со Малата видра Јоcо, Црвената верверица Дрдорка, Синчето на фармерот Симоски, па дури и со една тврдоглава метална кантичка! Вакви и други забавни лудории се чудесно раскаани во оваа интересна сказна. Сместена во бесконечниот свет на уборливите потоcи, небесните синила и зелените кории, приказната исто така нуди корисни лекcии за опасностите од лакомоста, горделивоста и нечувствителноста. Текстот, отпечатен со големи букви лесни за читање, е збогатен со шест прекрасни илустрации базирани на оригиналите од Харисон Кеди.