Едгар Алан По (1809-1849) е американски поет, раскажувач, уредник, критичар, еден од главните претставници на американскиот романтизам и предвесник на симболизмот. Иако себеси се гледа како непоправлив реалист, По во повеќе случаи се покажал како мајстор на фикцијата. Така е и со романот Авантурите на Артур Гордон Пим. Неговиот роман Авантурите на Артур Гордон Пим (The Narrative of Arthur Gordon Pym of Nantucket) објавен во 1838 година е приказна за несекојдневните доживувања на Артур Гордон Пим. Во договор со својот пријател Август, Гордон Пим бега од дома и се качува тајно на бродот “Грампус”, на кој е капетан Барнард – таткото на Август. Жеден за авантури, како “слеп” патник на бродот, на патувањето ќе доживее заточеништво во утробата на бродот, побуна на морнарите, борба со разбојниците, бура, глад и жед, канибализам, на бродот кој полека потонува, патувајќи кон Јужниот пол…
“Крвава кошула&rdquo е додаден во Вашата кошничка. Погледни кошничка
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Некој друг
315 ден
-
Излез од криза
475 ден
-
Астролошки записи
630 ден
-
Моќта на умот, моќта на срцето
525 ден
-
Љубовни патокази
475 ден
