Романот нè води во аветот на д-р Амин Џаафари, почитуван и успешен хирург во една од болниците во Тел Авив. Еден ден се случува напад на бомбаш самоубиец во некој ресторан, при што болницата ја преплавуваат ранети и осакатени. За десетици од нив нема спас.
Сосема немошен од долгочасовната работа во операционата сала, Амин се враќа во неговиот дом, очекувајќи го топлото добредојде од сопругата Сихем, но неа ја нема.
Пет часа подоцна, Амин го буди упорен телефонски повик. Дезориентиран од недостигот на сон, тој добива повик да се врати во болницата
бидејќи работата е крајно итна. Таму го чека израелската полиција која го апси. Му велат дека бомбашот самоубиец од попладнето била неговата сопруга.
Како се развива оваа интригирачка но крајно топла
и човечка приказната, можете да прочитате во ова,
веројатно најсилно дело на Алжирецот Јасмина Кадра, кој живее и твори во Франција.
“Украдениот брак&rdquo е додаден во Вашата кошничка. Погледни кошничка
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Изопачени лаги
590 ден
-
Кревка рамнотежа
578 ден
-
Врвки
368 ден
-
Снежно слепило
347 ден
-
Министерство за врвна среќа
525 ден
