Јарињата Брусе се договараат што ќе прават за летниот распуст.
Двете најмали јариња сакаат да одат во странство,
но најголемото смета дека тоа е многу скапо.
Тоа би сакало да одат на пасиштето, како што правеа порано.
– А бе, не, рекоа помалите. – Здодевна планина.
Најголемото јаре се обиде да ги намами со тролот
и палачинките на пасиштето и на крајот, тргнаа на пат.
Но каде ли исчезнал тролот?
