Си беа еднаш три јариња кои се викаа Јарињата Брусе.
Тие посакаа да одат на одмор на топлиот југ.
– А има ли тролови на југ?, праша најмалото јаре.
– Не, рече средното. – Само во Норвешка.
– Сигурно?, праша најмалото.
– Да, рече средното.
Но најмалото јаре си го зеде пиштолот на вода, за секој случај. Човек никогаш не може да биде сигурен…
