Кога историчарот Флук Келсо ќе дознае за постоењето на тајниот бележник што му припаѓал на Сталин, одлучува да ја следи трагата по секоја цена. Ги напушта дивите политички игри и декаденцијата на современа Москва итргнува на север во бескрајните шуми околу беломорското пристаниште Архангелск, за да се сретне со застрашувачкото минато кое Русија сё уште не го погребала.
Архангелск е најдобрата книга што досега ја објавил Харис! (Питер Mилар, The Times)
Никаде и никогаш не сум читал подобар опис за смртта на Сталин. (Норман Стоун, The Sunday Times)
Цврсто конструктивен, неодолив роман за нестабилноста на современа Русија во кој слоевито се мешаат историските факти и книжевната проза (Chicago Tribune)
Никогаш не сум читал трилер со дејствие во Русија со ваква автентична нота (Орландо Фигес, The Evening Standard)