Професорот Роберт Ленгдон, прочуениот симболог од Харвард, е повикан од директорот на светски познатата, швајцарска истражувачка установа ЦЕРН за да анализира криптичен симбол втиснат на градите на еден убиен физичар. Она што го открива е незамисливо, смртоносна одмазда против Католичката црква од страна на вековната подземна организација – Илуминатите. Во очајна трка да го спаси Ватикан, Ленгдон ги здружува силите со прекрасната и мистериозна научничка Виторија Ветра. Заедно тие тргнуваат во избезумен лов низ запечатени крипти, опасни катакомби, напуштени катедрали и во длабочините на најтаинствениот трезор на земјата… одамна заборавеното дувло на Илуминатите.
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Како на филм 430 ден
-
Давеничката 490 ден
-
Танцувај со мене Сузан Е. Филипс 520 ден
-
Нескршливото срце на Олива Денаро 450 ден
-
Крстопати 520 ден