Просечниот човечки животен век е апсурдно, навредливо кус. Под претпоставка дека ќе доживеете 80 години, имате само околу 4.000 седмици. Никој не треба да каже дека нема доволно време. Опседнати сме со списоците на задачи што треба да ги завршиме, а кои постојано се зголемуваат, со преполните електронски сандачиња, рамнотежата работа-приватен живот и постојаната битка со дистракции; преплавени сме со совети како да станеме попродуктивни и поефикасни со разни „трикови“ со цел да ги оптимизираме нашите денови. Но, ваквите техники често само ги влошуваат работите. Чувството на анксиозност станува поинтензивно и најзначајните работи во животот изгледа дека се зад хоризонтот. И покрај тоа, ние ретко ја поврзуваме секојдневната борба со времето со крајниот проблем на управување со него: предизвикот како најдобро да ги искористиме нашите 4.000 седмици.
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Искинатиот вел
250 ден200 ден -
Фенг Шуи во вашиот живот
360 ден288 ден -
Не знам кај ми е главата
390 ден312 ден -
Кривата Дијана
330 ден264 ден -
Што (не) е љубов
650 ден520 ден
