Ако во светот нема љубов сè е илузија и имитација Во вториот том Аомаме и Тенго со невообичаено испреплетените околности ги потврдуваат своите сомневања дека се наоѓаат во друго време – во годината 1Q84 – од кое не можат да се вратат назад во 1984 година и во своето реално време. Нивната љубов иако создадена само со еден стисок на рака во детството е единственото вистинско и реално во романот. Таа е двигател на сите збиднувања и јакне наспроти нивната раздвоеност а тие сè повеќе и повеќе се приближуваат еден кон друг. Во ова продолжение, Мураками продлабочено се занимава со философски теми, со односот помеѓу доброто и злото, вината и казната и, пред сè, со смислата на животот, стравот од смртта, жртвувањето, но и со семејните врски и, неизбежно, со љубовта.Познат во Јапонија (заради тоа честопати критикуван) како писател што внесува премногу западна традиција во своите романи, Мураками оваа приказна за универзалните теми заеднички за целиот свет, ја бојосува повеќе од кога и да е.
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Мостот во пламен
350 ден315 ден -
Размислувај како гениј (Јуниор)
300 ден270 ден -
Размислувај како гениј
360 ден324 ден -
Размислувај како Алберт Ајнштајн
360 ден324 ден -
Размислувај како Леонардо Да Винчи
360 ден324 ден
