Не можеш да ја смениш судбината.. Родена и израсната во едно мало село во мочуриштата на Јоркшир, Лиа Томпсон станува се поубава со секој изминат ден. Кога ќе го привлече вниманието на влијателното проблематично семејство Деланси, таа ќе сфати дека нејзиниот живот веќе никогаш нема да биде ист Години подоцна, Лиа молскавично го освојува светот на манекенството, патувајќи од Милано до Лондон и Њујорк, живеејќи го животот во прегратката на луксузот. Но, нејзиното минато — таинствено испреплетено со трагичната приказна на двајца млади роднини во Полска, за време на Втората светска војна -ја следи како темна сенка, И, додека две генерации тајни се закануваат да експлодираат, Лиа е прогонувана од едно фатално и заборавено пророштво од нејзиното минато, па мора да се бори и да ја предизвика судбината што й била запишана во sвездите.. Долго време пред да стане најпродаван автор со серијалот Седумте сестри, Лусинда Рајли ја напиша Скриена убавина како Лусинда Едмондс. Хари Витакер, синот на Лусинда и коавтор на Атлас: Приказната за Тате Солт, го преработи овој самостоен наслов и му даде нов живот.
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Молив - Colorino Stitch 60 ден
-
ETUI CoolPack Jumper Stitch Pastel 1.800 ден
-
ETUI CoolPack Jumper Stitch 1.800 ден
-
Дрвени боици - Stitch Colorino Disney 160 ден
-
Мрсни бои - Stitch Colorino Disney 100 ден