Францускиот писател Жил Верн (1828-1905) уште по објавувањето на својот прв роман “Пет недели во балон“ постојано ја разигрува фантазијата на своите читатели. Научните откритија,кои во негово време, втората половина на XIX век, се осознавале со голема страст и нетрпение, биле вистински предизвик за него. Маѓепсан од науката, Верн ја следел и ја проучувал до детали и ја внесувал во своите дела, впечатливо опишувајќи ја нејзината моќ. Кога ќе го читате ова дело Пат околу светот за 80 дена, како и другите негови познати дела: 20.000 милји под морето, Децата на капетанот Грант, Патот во средиштето на земјата, ќе го почувствувате оној пионерски трепет пред неистраженото, што сите нас, без оглед на возраста, не исполнува со благородна енергија.
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Трошки на хартија
284 ден
-
Разговори во четири очи
263 ден
-
Писма до Милена
651 ден
-
Мали нешта како овие
263 ден
-
Требаше да си одиш
231 ден
