Романот „ Евгениј Онегин “ го сочинуваат осум пеења, со различен број песни.
Александар Сергеевич Пушкин ја создал онегинската строфа составена од 14 стиха.
Романот започнува со претставување на Онегин, кој по смртта на вујко му од кого добил наследство, решил да замине на село и да го смени начинот на живот, бидејќи градскиот веќе му здодеал.
Поетот се навраќа на минатото на Онегин, на татко му, кој правел по три бала годишно и на тој начин го потрошил богатството. Се навраќа на детството, кога Онегин не добил којзнае какво образование и на неговата младост, кога најважно од сè му било убаво да се облече, да оди по балови и театри и да кокетира со девојките.
Без разлика на неговото површно образование, тој знаел убаво да зборува, знаел да се шегува, бил прифатен во друштвото и омилен кај дамите.