Двајца рецепционери во хотел – и заколнати ривали – наоѓаат колекција стари бурми и се натпреваруваат кој прв ќе ги врати на нивните сопственици, додека по пат ја откриваат и сопствената љубовна приказна. Најфренетичниот период од годината, а хотелот „Форест манор“, буквално, се распаѓа и е на работ на опстанок. Затоа, кога Изи и Лукас добиваат смена заедно на рецепцијата, немаат друг избор, освен да ги остават настрана несогласувањата и да издржат до крај. Хотелот нема да опстане по Божик без да се случи некакво чудо. Но кога Изи му враќа изгубена бурма на еден гостин, наградата што ја добива ја убедува управата дека токму тоа може да биде решението за сите нивни проблеми. Со уште четири прстени во одделот за изгубени работи, почнува трката меѓу Изи и Лукас за спасување на нивниот сакан хотел – и нивните работни места. Додека нивното жестоко ривалство се претвора во нешто многу покомпликувано, Изи и Лукас почнуваат да се прашуваат дали во оваа борба е во прашање само иднината на хотелот или има нешто повеќе од тоа. Дали ќе успеат да ја преживеат сезоната без да го изгубат сопственото срце?
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Радосница Розева Панделка
350 ден
-
Зајдисонце
200 ден
-
Градителите во Македонија во XVIII-XX век (книга втора)
3.199 ден
-
Градителите во Македонија во XVIII-XX век (книга прва)
3.199 ден
-
Охрид: монографија
3.000 ден
Поврзани продукти
-
ПОПУСТ
Забавата може да почне
450 денOriginal price was: 450 ден.200 денCurrent price is: 200 ден. Додај во кошница
